Тиквата сварете ја, изрендајте на ситно ренде.
Компирите, јајцата и  пилешкото месо сварете ги.
Компирите и  јајцата изрендајте ги на ренде. Лукчето ситно истолчете го, пилешкото ситно исечете го. Посолете, додајте црн пипер и мајонез промешајте. Од смесата направете топчиња.
Ренданата тиква ставете ја на најлон, една лажица, врз неа ставете топче и обликувајте форма на мандаринка.
Врз мандаринките ставете по едно ливче.
Многу вкусни топчиња и убаво ќе ви се вклопат за празниците.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани