Испечати

Солени бомбици со пилешко месо и тиква - мандарини со тиква

Солени бомбици со пилешко месо и тиква - мандарини со тиква

Состојки

  • 5 Компири
  • 2 јајца
  • 150 гр кашкавал
  • 100 гр пилешки стек
  • 70 гр мајонез
  • 1 лукче
  • 1 тиква

Подготовка

Тиквата сварете ја, изрендајте на ситно ренде.
Компирите, јајцата и  пилешкото месо сварете ги.
Компирите и  јајцата изрендајте ги на ренде. Лукчето ситно истолчете го, пилешкото ситно исечете го. Посолете, додајте црн пипер и мајонез промешајте. Од смесата направете топчиња.
Ренданата тиква ставете ја на најлон, една лажица, врз неа ставете топче и обликувајте форма на мандаринка.
Врз мандаринките ставете по едно ливче.
Многу вкусни топчиња и убаво ќе ви се вклопат за празниците.
Добар апетит!