Слатка снегулка погача со мед и афион
Еве една идеја како да ја украсите Божиќната трпеза со оваа интересна погача.
1. Состојките за тестото ги замесуваме со млака вода и тестото го оставаме да стаса.
2. Стасаното тесто го размесуваме и го делиме на четири топчиња. Секое топче го расукуваме во круг и круговите треба да бидат идентични.
3. Врз секоја кора освен врз последната, ставаме по една лажица мед и на првата, афион, на втората мелен сусам и тиква, а на третата кумин и пак афион.
4. Кругот од тесто го сечеме на 8 идентични триаголника (како за кифлички) и секое во средината го засекуваме. Врвот го протнуваме одоздола низ отворот кој сме го направиле.
5. Ги редиме „краците„ во тавче, на хартија за печење и оставаме да стасаат.
6. Печеме на 200 степени.
7. Откако ќе се испече погачата, ја мачкаме со четка, со разреден мед со вода .
Се надевам дека убаво објаснив, ама поубаво на сликите се гледа. Инаку за оваа погача може да си го одберете вашето најубаво тесто за кифли и се разбира може да направите и солена варијанта (кашкавал, шунка, печурки...).
Лиценца: Сите права се задржани