Слатка снегулка
Од горенаведените состојки (квасецот се зафаќа настрана најпрво да си надојди) се меси тесто, се остава да одмори некоја минутка и се дели на 4 делови.
Над брашно се сукаат кори кои ќе се со димензии колку садот каде ќе печите (јас печев во бр.28). Над едната кора се нанесува филот од еурокрем и цимет (циметот по желба), се преклопува одозгора со друга кора и се спојуваат краевите. Се остава настрана. Истата постапка се повторува и со другите 2 кори.
Се добиваат две кори на крај во средина со фил, се ставаат една врз друга, па се префрлаат врз хартија за печење, се сечат на 16 делови така да средишниот дел остане целосно непресечен, се виткаат два по два дела по 2 пати и краевите се спојуваат.
Нека си надојди 40 мин најгоре се мачка со стопен маргарин, се печи на 200 да зарумени, па се намалува на 180 и веднаш се става хартија одгоре да не ви изгори.
По печење можи да се премачка врела со врел шербет. Идејата ја гледав на нет, ми се пристори идеална за благо лепче за празниците кои следуваат, одлична би рекла.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу е вкусна :)
Фотографијата испрати ни ја на мејл или во порака на страната на ФБ и веднаш ќе ја замениме.
Поздрав :)