Слатко од смокви
Смоквите изберете ги зрели, ама не распукани и со цврста кора која не е оштетена. Најдобро да имаат и дршки кои малку ќе ги скратите.
Измијте ги и ставете ги во едно тенџере со вода колку да ги покрие и една лажичка сода бикарбона. Варете на средно силен оган неколку минути откако ке провријат. Не претерувајте со варење, да не се распукаат. Веднаш потопете ги во ледена вода и добро исплакнете ги.
Во поширок сад во кој ќе го варите слаткото ставете го шеќерот со една чаша вода да се направи густ шербет. Една по една спуштајте ги смоквите во сирупот, најдобро е да бидат во еден ред. Варете на среден оган додека сирупот не се згусти, некаде околу 45 мин. Јас ставам чинивче за слатко во замрзнувачот, па на него пробам дали сирупот е доволно густ. Ако лажичката се лепи за сирупот, добар е.
Пред крај на варењето додајте го лимонот исечен на тенки кругови. Распенете го слаткото, покријте со влажна крпа и оставете го да се олади до другиот ден.
Соберете го во тегли и користете како ви одговара, како послужување за гости, со десртни креми, во торти и колачи, со чврст јогурт...
Додадено на 02.09.2012 - Многу од коментарите се зошто не се сплеснати смоквите, а стојат набабрени. Не знам, јас поинаку никогаш не сум варела слатко од смокви. Мислам дека е од се по малку. Смоквите мора да бидат зрели ама цврсти, кората не треба да биде оштетена ни размекната на места, мора да имаат рачки и само делумно да се скратат, оти ако се отвори смоквата во варењето семчината ке истечат и ке се сплеска. Мора да се варат во еден ред, како во содата, така и во сирупот. Во содата ги варам додека не фрлат пена, тоа е кратко, неколку минути. А ги спуштам во многу густ шербет и веке не мешам воопшто, само го протресувам тенџерето да се дигни пената да можам да ја соберам. Ете, тоа е се што правам....
Лиценца: Сите права се задржани
Epa eve go napraviv slatkoto sto vetiv i navistina e vkusno.Taka da koj saka slatko od smokvi neka napravi ,a koj ne moze neka poveli kaj mene imame dve tegli pa mislam deka ke stignat.Pozzz do LILIn i ajde nov recept za slatko
Sovrseno si go napravila slatkoto. Bravo!!!
Se nadevam deka si zadovolna barem blisku do toa kolku sto ubavo ti izgleda slatkoto :))
Fala ti!
Fala ti mnogu :)
Jas godinava ne napraviv... E, pravam jas pogusti serbeti, ama mozebi i so pogolema casa sum merela. Dogodina, zdravje, koga ke pravam, ke ostavam ovde i podatok vo ml.
Fala ti, mnogu! :)
Zal mi e sto ostanavte razocaran, ama sosem, od toa kako e napisan receptot i napraveno slatkoto.... Ve molam, barem vo kratki crti, napisete mi kako normalno se pravi, dodeka uste go ima ovosjeto na pazar, da mozam da napravam i da ja voocam razlikata.
E, a sushi ne mora da sodrzi riba voopsto... Vsusnost imeto se odnesuva na zakiseleniot oriz koj mora da go sodrzi za da se vika taka.. Se drugo se varijacii na tema.....
прво, ако си толку паметен и толку знаеш, направи го сам, па излези на мегдан.
второ, на подарен коњ во забите не му се гледа, како и коментари за нешто за кое што не си прашан да даваш. култура се вика тоа, ама тешко дека сега некој ќе може да ти ја даде. ќе мора ваков да те трпиме
трето, и јас прв пат слушам дека смокви за слатко се лупеле. да си фател смоква во рака, може и јас ќе ти станело зошто е тоа така. најмногу што може да се направи за смоква е дека треба да се проврие во мнгоу води, 9 мислам беа, ама лупење никогаш не било опција.
четврто, извичници во пишан говор значат дерење. ние овде на трпезава не урламе, па немој ни ти.
пето. убаво те расплеска лили за сушито.
шесто. ај чао, не ни требаш. комнтари со критика или предлог секогаш се добродојдени, ама навредливи не се добродојдени.
прочитај ги првите два коментари
П.С. Одлично место да се научи рецепт за слатко од ЗРЕЛИ смокви е Смоквијадата во Гевгелија. Тамо малтене го знаат сите :)
земи здив, земи кит кет чанки