9
сеп
2012
Слатко од зрели лупени смокви
Смоквите се лупат внимателно од тенката кожичка. Шеќерот се налева со ладна вода и се меша додека убаво не се растопи. Од како ќе се растопи лупените смокви внимателно се спуштаат во садот и се става да вари на среден оган околу 90минути.
Слаткото се вари во поширока шерпа, со повремено протресување без мешање. Пред крај 10минути се додава лимонот сечен на тркалца. Од како ќе испари водата слаткото се покрива со крпа и се остава да се олади, а ладно се собира во суви тегли.
Сезона е на зимница и да ги споделиме нашите рецепти, па да дадеме можност за избор.