23
авг
2014
Мармалад од лупени зрели смокви
Вкусен, лесен за правење мармалад.
Најпрво смоквите се лупат и се редат во тенџере.
Врз нив се става лимонтусот и шеќерот.
Се ставаат на тивок оган да се варат околу 10 минути.
Потоа со стапчест миксер се мелат смоквите.
Се вари уште 30 минути. Ќе добиете медова златна боја.
Жешкиот мармалад се собира во жешки тегли.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани