Слатко од киви
Не е ова некој посебен рецепт.... Како многу други слатка се прави, ама многу е лично, а и по вкус е убаво, па можеби некој ќе посака да го направи.
Плодовите треба да се ситнички и многу цврсти, неферментирани. Излупете ги и отсечете го делот кај рачката.
Во едно средно големо тенџере ставете го шеќерот, прелијте со водата и сварете густ сируп, по рабовите да почне да кристализира.
Додајте ги киви плодовите и на средно тивок оган варете го слаткото со повремено протресување додека не се згусти сирупот, некаде околу 45 мин., а овошјето не стани стаклесто. Слаткото создава многу густа бела пена, распенувајте го повремено додека се вари за сирупот да ви остане бистар. Додајте ја ванилата, ( ако ставате ванилин шеќер, ставете го во текот на варењето ).
Распенете го слаткото, покријте со влажна крпа и оставете го до другиот ден кога може да го соберете во тегли.
Лиценца: Сите права се задржани
имам киви во двор и денес ги набрав.
Сеуште се зелени и тврди, па дали може рецептов да се направи со зелени или треба да ги почекам да узреат, но така би смекнале.
Поздрав.
Многу убаво изгледа, браво ЛилиН!
... оти го сакам баш вакво како на сликата, проѕирно, вкусно и привлечно :)))
Vidis, mene mi rekoa od cvrsti, a i od mekicki isto ubavo ispaga... Toa site da znaeme za vo idnina...
Fala ti mnogu, mnogu!!
A dzemot kako go pravese? Mojot recept i so ananas e....
Nikakva steta ne e napravena....
Stom administratorite ke go procitaat komentarot, ke izbrisat, a i da ne izbrisat, ke vidat korisnicite deka moze i po drug ednakvo ubav recept da se pravi:))
Опција за бришење на коментари за регистрираните готвачи нема. Бидејки на Лили не ѝ пречат фотографиите, нема потреба да се бришат.
Поздрав
Fala ti mnogu!! I kaj tebe preubavo ispadnalo!!
Preseceni se kivite, ne? Taka izleguvaa li kovcinata? Da znam, ako druga godina nemam sitni, od pogolemi mozebi ke treba da pravam...
КОНЕЧНО И ЈАС ДА НАПРАВАМ НЕКОЈ ТВОЈ РЕЦЕПТ!
се трудам да направам по некој рецепт од сите мои другарки, ама твоиве ми беа најтешки. се' нешто ми фалеше дома. ти ја најдов ахиловата пета во рецептите. ОВОЈ!
штом јас го правам, леснотија е за правење, а и не ми треба цел магацин зачини :) :) :) :)
ми донесоа верни другари цел пакет киви. украдов едно килце, пред шеќерко и младунче да ги смуфтаат сите :) :) :) :)
ова ми е прво слатко во животов што сум го направила. го правев од љубопитност и си го спремав со мисла дека ќе оди во божиќен колач.
атеист сум, шап ме габри што не е божиќ :) :) :) :)
ќе смеам ли во божиќниот да ставам физалис?
имам од слаткото на лиле, ненормално е добро, па ако го исцедам и исушам, би требало да е закон, м? :)
Osmici nisto ne se!!!!!
Dali znaes deka e mozno i fizicki nekoj "okolu glava" da se smee ?!
Se nadevam barem malku vi se bendisa, ako ne, ne e greda, vo kolaci ili po komsii ke odi, ke im se ponasas, garant ne pravele :)))))
Ne se moite recepti teski, kaj mene "se samo taka izgleda" :)))))
Veruvam deka bas te briga sto ne e Bozik, ama sega Veligden doaga, ke se slozam so Lile, potrosi go toa slatkoto, za Bozik posle ke se mislime :))))
MNogu ti fala :))
чисто инфромативно, НЕ го јадеме. само за колачи го правам и за божиќен колач го чувам :) :) :) :)
нека не' соберат чичковциве и теткиве од МоиРецепти пак на средба. да ме видите мене во нормална верзија, а не како сканија :) :) :) :)