Слатко од киви
Состојки
- 1 кг киви, многу ситни, во големина на орев или помали, многу цврсти
- 1 кг шеќер
- 1 шоља вода
- 1 ванила
Подготовка
Не е ова некој посебен рецепт.... Како многу други слатка се прави, ама многу е лично, а и по вкус е убаво, па можеби некој ќе посака да го направи.
Плодовите треба да се ситнички и многу цврсти, неферментирани. Излупете ги и отсечете го делот кај рачката.
Во едно средно големо тенџере ставете го шеќерот, прелијте со водата и сварете густ сируп, по рабовите да почне да кристализира.
Додајте ги киви плодовите и на средно тивок оган варете го слаткото со повремено протресување додека не се згусти сирупот, некаде околу 45 мин., а овошјето не стани стаклесто. Слаткото создава многу густа бела пена, распенувајте го повремено додека се вари за сирупот да ви остане бистар. Додајте ја ванилата, ( ако ставате ванилин шеќер, ставете го во текот на варењето ).
Распенете го слаткото, покријте со влажна крпа и оставете го до другиот ден кога може да го соберете во тегли.