Слатки прженици
Сите состојки ги мешаме со лажица и оставаме смесата да одмори 15на минути.
Ќе добиете релативно ретка смеса, течна, која со стоењето минимално ќе се згусни од квасецот.
Ставате од смесата во најлон (оние за замрзивач). На ќошето отворате милиметарска дупка (бидејќи пак ќе нагласам, имаме течна смеса, слична на јогуртот) од која ги истиснувате пржениците во врело масло.
Можите да си играте со фигурите. Да направите спирали, кругови, или било што...лесно се превртуваат на другата страна и не се кинат.
Испржените прженици ги одложуваме на хартиена салвета за да се одземи мрсното и потоа уште топли ги наросуваме со шеќер во прав или ги шараме со нутела, или и двете и веднаш служиме.
Добар апетит!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
лудо, штом се смее добро е ;)
не ме бива за официјалности....мувла сум :) :) :) :)
МоиРецепти
Линкот од сликата само да се додаде во полето: Кликни тука за да додадеш слика во коментарот. - кое се наоѓа веднаш под полето за пишување коментари :)
Линкот точно до сликата која се наоѓа на Facebook, може да го ископирате со десен клик/ View image info/ Location
мои рецепти, јас поставив прашање како да се додаде слика во коментар во прашања, но никој не ми одговори. самата си се снајдов, но штета што опцијата е прво да се внеси сликата некада на нет, па потоа да се внесува тука. баш би било супер, кога би внесувале слики директно од нашиот компјутер, без прво предходно да ја ставаме некаде на нет. поздрав до вас!
За одговорот во прашања, некако ни се провлекло твоето прашање дека е до нас. Всушност, ние таа категорија ја замисливме како место на кое ќе може самите членови на МоиРецепти да си помагаат и да си даваат совети и ете ни се случил пропуст со твоето прашање :)
За следни прашања, најдолу на страната кликате Контакт и се отвара формулар за контакт до нашата емаил адреса :)
Се надеваме сега е појасно...
- м м м , крофнички си правела?
(мала пауза додека да смислам како да ги опишам)
- не ЦРВИ правам :) :) :) :)
значи, не мора во кеса. мене џигер ми се преврте со тоа кесата, на се' личеа на форми не личеа :) :) :) :)
па на крај си земав ГОЛЕМА ЛАЖИЦА и супер ми одеше. таман беа колку залчиња :)