Испечати

Слатки прженици

Слатки прженици

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 300 гр вода
  • прстофат сол
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажиче сув квасец (инстант)

Подготовка

Сите состојки ги мешаме со лажица и оставаме смесата да одмори 15на минути.
Ќе добиете релативно ретка смеса, течна, која со стоењето минимално ќе се згусни од квасецот.
Ставате од смесата во најлон (оние за замрзивач). На ќошето отворате милиметарска дупка (бидејќи пак ќе нагласам, имаме течна смеса, слична на јогуртот) од која ги истиснувате пржениците во врело масло.
Можите да си играте со фигурите. Да направите спирали, кругови, или било што...лесно се превртуваат на другата страна и не се кинат.
Испржените прженици ги одложуваме на хартиена салвета за да се одземи мрсното и потоа уште топли ги наросуваме со шеќер во прав или ги шараме со нутела, или и двете и веднаш служиме.
Добар апетит!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки