Секогаш подготвувам солена палента, денес решив да ви претставам вкусна слатка варијанта и тоа со капини и оровинки. Можете да ја подготвите и со некое друго овошје, по ваша желба.

1. Слатката павлака и млекото ги загреваме до вриење.
2. Кога ќе почнат да вријат ја додаваме палентата заедно со шеќерот.
3. Вриеме неколку минути до потполно згуснување.
4. Ја тргаме на страна смесата и ги додаваме бобинките. Убаво промешуваме. Ако ни пуштат течност, вратете ги на рингла сосема на кратко и со мешање ќе испари течноста.
5. Смесата ја ставаме во силиконски калапи или пак во тањирчиња, на кои сме ставиле проѕирна фолија, за да може кога ќе ги превртиме да излезат лесно.
6. Сервираме со маскарпоне во кое сме изматиле и слатка павлака.
7. Декорираме со бобинки.

За да се стегне убаво можете калапите да ги ставите и во замрзнувач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани