1 и 3 тесто
Јајцата се матат со шеќерот и постепено се додаваат сувите состојки. Смесата се промешува и се пече во округли калап. Оладена се сече на два дела.
2 кора
Во истиот калап каде се печеа другите кори на хартија се распоредуваат лешниците и се ставаат во рерна 5 минути на 170 степени. Над лешниците се истура изматената смеса од белки, шеќер, брашно и какао и се пече на 170 степени околу 20-30 минути.
фил
Пудинзите се варат во зашеќереното млеко. Се додава и чоколадата, убаво се меша и се остава да се олади. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и румот и се додава кон оладениот пудинг. Двете смеси се соединуваат и се добива густ фил со вкус на рум.
Се зема 1 кора и се премачкува со крем па со фил.Се реди 2 кора и исто се премачкува со крем па со фил и се завршува со 3 кора. Јас бидејки декорацијата ја правев со локум намачкав мал слој од филот колку да залепи локумот, а вие може по желба и шлаг или топена чоколада да ставите.
Сликата на многумина ќе им изгледа чудно, но нарачката беше таква-тоа е преморен возач на комби кој од комбе директно патува во постела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани