Сложувалка од бисквити
Подготовка на бисквитите
1. Во сад за матење со миксер матете го путерот и шеќерот додека не добиете пенеста смеса. Потоа на смесата додајте ги и ренданата кора и сокот од портокал.
2. Во садот додајте го и брашното и мешајте со лажица додека смезата не стане густа ма мека. Од смесата формирајте топка и за мотајте ја во фолија или кесе и ставете ја во фрижедер 30 минути.
3. Вклучете ја рерната на 190 степени. Тестото поделете го на 4 дела и работете го дел по дел. На набрашнетете работна маса расукајте кора со дебелина од 4мм и вадете форми со калапот Сложувалка.
4. Формите ставете ги во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Истата постапка направете ја со преостанатите делови од тестото. Од тестото треба да ви излезат околу 40 бисквити.
5. Бисквитите печете ги додека не заруменат. Јас секогаш го навивам тајмерот на 15 минути и таман и доаѓа.Откако ќе се испечат извадете ги од рерната и оставете ги да постојат 3 минути, па потоа извадете ги од тавата за печење.
Подготовка на кралската глазура
1. Во сад за матење со миксер матете ги белките додека не добиете цврст снег.
2. Потоа во садот полека додавајте го шеќерот во прав и наизменично мешајте со миксерот додека глазурата не стане мазна и светкава.
3. Глазурата разделете ја вои три садови и во нив додајте ги прехранбените бои кои претходно сте ги разредиле со неколку капки вода. Мешајте ја глазурата со лажица додека смесата не стане хомогена.
Декорација
1. Глазурата ја префрламе во готварски шприц и ги боиме бисквитите во разлицни бои.
2. Уште додека глазурата не е затегната, декорираме и со чоколадните капки.
Лиценца: Сите права се задржани
Uste ednas prekrasen predlog za predstojnite praznici.