12
јул
2012
Свинско со сос (печено во пиво)
Месото зачинете го со вегета, сол и бибер по вкус.
Пропржете го од двете страни на маслиново малку да фати нежна коричка.
Префрлете го месото во огноотпорен сад и полејте го со пиво, покријте со алуминиумска фолија и печете на 180 степени 40 мин.
Во маслото каде се пржеше месото додадете го насецканиот кромид и пропржете го додека омекне па додадете ги исцедените пецурки и допржите.
Додадете го брашното уште малку пропржете, па додадете го сокот од месото (пивото) и додадете млеко да се добие саканата густина на сосот.
Зачинете го сосот по вкус и налејте го врз месото.
Допечете уште 10 мин.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани
prevkusno izgleda pozz:)
јас обичко џигерче кога спремам му додавам пивце за шмек, а да печам нисам пробаја. вил ду некст тајм :) :) :) :)