Денес ќе готвиме заедно со Теофанија, готвач член на нашата веб-страница. Теофанија ќе подготви еден од нејзините рецепти, Печено пилешко со печурки и пиво.

Понекогаш едноставните рецепти, со добра комбинација на состојки, даваат одличен резултат. Овде спојуваме пилешки стек и печурки, готвени во пиво.

Подготовка

Чекор 1: Месото исечкајте го на мали парчиња. Печурките исечкајте ги на тенки листови, или по ваша желба. Кашкавалот исечете го на листови.

Чекор 2: Во тавата во која ќе го приготвувате редете еден ред месо, еден ред печурки и наредете тенки листови кашкавал.

Измешајте го пивото со коцката за супа, лебните трошки, жолчките, масло и насолете. Прелијте ја мешавината врз состојките во тавата.

Чекор 3: Покријте го капакот и печете на 200 степени 20 минути, а потоа отворете да се потпече уште 10 минути, или додека зарумени.

Чекор 4: Послужете со салата!

СОВЕТ: Делимано Овалната Ростер тава овозможува брза подготовка на семејниот ручек, а ќе добиете вкусен резултат. Ако сакате помасна храна, може да додадете и пушена сланина врз пилешкото.