Свинско со сос (печено во пиво)
Состојки
- 2 парчиња свинска кртина (филе)
- 2 конзерви сецкани печурки
- 300 мл. пиво
- 2 лажици брашно
- 100 мл. млеко
- 1 кромид
Подготовка
Месото зачинете го со вегета, сол и бибер по вкус.
Пропржете го од двете страни на маслиново малку да фати нежна коричка.
Префрлете го месото во огноотпорен сад и полејте го со пиво, покријте со алуминиумска фолија и печете на 180 степени 40 мин.
Во маслото каде се пржеше месото додадете го насецканиот кромид и пропржете го додека омекне па додадете ги исцедените пецурки и допржите.
Додадете го брашното уште малку пропржете, па додадете го сокот од месото (пивото) и додадете млеко да се добие саканата густина на сосот.
Зачинете го сосот по вкус и налејте го врз месото.
Допечете уште 10 мин.
На здравје