Свинско со мед и ораси
Секогаш се прашував каков ли вкус има месо и мед. И еве конечно собрав храброст и пробав да направам. Искрено цела кука ми мирисаше преубаво едвај чекав да пробам. ВКУС ФЕНОМЕНАЛЕН. Пробајте нема да зажалите.
Најпрво ако ви се дебели многу шницлите исчукајте ги да ви бидат дебели околу 2 цм. Потоа извалкајте ги во брашно. Во тавче за пржење ставете пола од путерот и на тивок оган пржете ги шницлите околу 5,6 минути. Останатиот путер измешајте го со медот и орасите и додајте го во шницлите, измешајте. Оставете да се крчка околу 5 минути со повремено мешање. Извадете ги шницлите на чинија и прелијте ги со сосот...ПРИЈАТЕН АПЕТИТ
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови