
31
окт
2015
Пита со готови кори, тиква и ораси
1. Тиквата се чисти и се сецка на мали парчиња и се вари. Варената и изладената тиква се гмечи и кај неа се додава шеќерот, ванилинот и оревите и убаво се промешува.
2. На 3 кори се става дел од филот и се витка во ролат, потоа се реди во тавче.
3. Постапката се повторува, додека не се потрошат корите и филот.
4. Наредените ролати се полеваат со малку млака вода и одозгора се мачкаат со масло. Штрудлата се пече на 180 степени додека не се зарумени.
5. Готовата штрудла може да се украси со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови