Подготовка на пандишпанот.
1. Стопете ја чоколадата на пареа.
2. Одделете ги жолчките од белките.
3. Во сад пенесто изматете ги белките со прстофат сол и оставете ги на страна.
4. Во друг сад матете ги путерот, шеќерот и ванилата. Додавајте ги жолчките една по една и постојано матете додека не се добие изедначена смеса.
5. Додадете ја оладената стопена чоколада и матете убаво да се изедначи. Исклучете го миксерот.
6.Додадете ги белките и измешајте ги со жица или лажица, додадете го брашното и пецивото и повторно измешајте да се добие изедначена смеса.
7.Смесата истурете ја во подмачкан со путер и побрашнет округлест калап(26см) и ставете ја да се пече во загреана рерна на 170-180 степени 40-45 мин. За сигурност можете да проверете со чечкалица.
8.Печената торта оставете ја да лади во калапот 15-20 мин., потоа извадете ја, превартете ја на соодветно плехче и оставете ја да олади целосно.
9. Откако ќе се олади, поделете ја на половина.
10.Загрејте го мармаладот и премачкајте ја едната половина, ставете ја другата половина и премачкајте ја целата торта. Оставете ја во фрижидер 30мин.да се засуши мармаладот.
11.Подгответе ја глазурата, чоколадата стопете ја на пареа со маслото и премачкајте ја целата торта. Оставете ја да се зацврсти чоколадата.
12.Послужете ја со изматен шлаг.

Оваа позната Виенска торта полна со чоколада нека биде дел од вашите десерти!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови