Сахер коцки
1. Пенесто се матат белките со шеќерот. Се додаваат жолчките и растопените путер и чоколадо (јас ги ставив заедно да се растопат во микро печка). Се прекинува со матење и пополека се додаваат просеаното брашно помешано со какаото. Смесата се истура во голема тава од рерна, обложена со хартија за печење.
Се пече во претходно загреана рерна на 180°С околу 20 минути.
2. Кога малку ќе се олади, готовата кора се дели на 3 еднакви делови. Два дела се премачкуваат со мармаладот од кајсии и се ставаат еден врз друг. Последниот дел (најгорниот) не се премачкува. Притиснете малку за убаво да се залепат и убаво оладете го колачот.
3. Откако ќе се олади, исечете го на коцки со големина на мињони и прелијте ги со глазура од растопено чоколадо и масло. Кога ќе се стегне глазурата испишете ја на секоја коцка буквата „Ѕ“.
Од оваа доза мене ми излегоа 40 мињони, но малку се повисоки за мој вкус, па веројатно следниот пат кората ќе ја поделам на половина (така ќе има 60 колачиња). Напишав дека е за 10 лица сметајќи дека за еден се доволни 4 колачиња, но тоа е секако индивидуално. Лесно се јадат.
Се спремаат многу брзо. Јас напишав 1-2 часа, но мора да признам дека повеќето од времето беше за украсување.
Може и целосно да се обложат со глазура, но тогаш ќе треба повеќе чоколадо, а мене вака ми беа симпатични, па ги решив да останат вакви.
И уште нешто. Колачињата ги правев по повод тргнувањето на ќерка ми Ана во градинка, па затоа ја имаат буквата „А“.
Лиценца: Сите права се задржани
1 пециво треба? не е напоменато?
А пециво не се става. Тестото е меко и сунѓересто и после 3 дена (толку ни траеа на нас :))
Јас прв пат ги правев, ама ќе бидат дел од нашето мени и во иднина. Најчесто едноставните работи се и најубави ;)
Коцките се полесни за конзумирање. Помини, замини, лапни си една коцка :D
Мојот прв рецепт на денот. Јухуууу... Многу сум среќна :)))