Салата од пченка……..и уште нешто
Од сварените кочани изронете ги зрната. Ако не е сезона, може да сварите смрзната пченка, или да искористите една мала лименка конзервирана. Црвениот грав од лименка измијте го и оставете да се исцеди. Кромидот многу ситно исецкајте го. На ситни коцки исецкајте ја пиперката, а на тенки кругчина лутото пиперче. Магдоносот исецкајте го многу ситно. Се помешајте во една поголема здела.
За преливот помешајте ги маслото, исцедениот сок од лимета, протиснатиот лук, солта и биберот. Прелејте преку зеленчукот и добро измешајте.
Авокадото излупете го и исечете го на коцки. Доматот исечете го на коцки. Додајте ги во салатата и внимателно промешајте да не ви се изгмечи авокадото. Дотерајте го вкусот и послужете.
Количината на секоја од состојките можете да си ја менувате по своја желба, се разбира и да додадете нешто свое....
Лиценца: Сите права се задржани
Seriozno, koga ke stisnam "Izmeni", dobivam poraka "Internal Server Error" i receptot pri slednoto otvaranje e nepromenet...
До тогаш, ќе бидеме трпеливи :)
Инаку, ништо не и фали на носечката слика, но на неа ја нема салатата :)
Ne be, tortiljite utre ke gi pravam so pileska fahita, ova maz mi nadonese kocani za dozivotna upotreba i morav nekade da gi potrosam :)) Ama navistina, ekstra salata izleze, dva pati so red ja pravev :)
гарант донел едно ќесе, па на ова бушавово што не јаде, само готви и грицка, му личело како за доживотна :) :) :) :)
a za ludo treba edna nagrada za najludi odgovori i najinteresni odgovori i jas sekogas se smeam so Ludovite komentari