Испечати

Салата од пченка……..и уште нешто

Салата од пченка……..и уште нешто

Состојки

  • 2 средно големи сварени кочани
  • 1/2 лименка црвен грав
  • 1 мала главица црвен кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 1 луто црвено пиперче
  • 1 средно голем домат
  • 1 авокадо
  • 1/2 киска магдонос
  • За прелив
  • 1 лимета, само сок
  • 1/3 шоља маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • по вкус сол, бибер

Подготовка

Од сварените кочани изронете ги зрната. Ако не е сезона, може да сварите смрзната пченка, или да искористите една мала лименка конзервирана. Црвениот грав од лименка измијте го и оставете да се исцеди. Кромидот многу ситно исецкајте го. На ситни коцки исецкајте ја пиперката, а на тенки кругчина лутото пиперче. Магдоносот исецкајте го многу ситно. Се помешајте во една поголема здела.
За преливот помешајте ги маслото, исцедениот сок од лимета, протиснатиот лук, солта и биберот. Прелејте преку зеленчукот и добро измешајте.
Авокадото излупете го и исечете го на коцки. Доматот исечете го на коцки. Додајте ги во салатата и внимателно промешајте да не ви се изгмечи авокадото. Дотерајте го вкусот и послужете.
Количината на секоја од состојките можете да си ја менувате по своја желба, се разбира и да додадете нешто свое....