Традиционална салата во Италијанската кујна, која своето име го добила од островот Капри, кој се наоѓа во Неаполскиот Залив.

1. Припремајте во мал сад сос со маслиновото масло, ориганото и малку сол и бибер. Оставете да отстои.
2. Измиете го доматот и исечете го на кругови дебели околу 0.5 см.
3. Потоа исечете ја моцарелата на кругови дебели околу 0.5 см.
4. Потоа почнете да ја градите кулата на овој начин. Отсранете го дното од доматот и ставете го првиот круг на чинијата во која ќе ја сервирате салатата.
5. Измачкајте ја со сосот од оригано и ставете две лисја од босилек.
6. Ставете еден круг моцарела и измачкајте со сос и ставете две лисја од босилек .
7. Продолжете додека не ги звршите круговите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови