Мини капрезе салата
Капрезе салатата подготвена на овој начин, во мини верзија е декоративна која може да се послужи на родендени, имендени или други прослави. Исто така е освежителна, составена од здрави намирници погодни за овој летен период и е одлична идеја де се понеси со себе на плажа.
Состојките ги напишав за една чепкалка, а според вашите потреби ќе си ги зголемите.
Моцарела топчињата исечете ги на пола, а исто така и шери доматите. Но ако се помалечки може да ги оставите и цели. Ако листовите од босилекот се големи искинете ги во големина, одприлика од моцарелата или ако се мали оставете ги цели.
На една чепкалка прво ставите пола топче моцарела, ливче босилек, шери доматче, ливче босилек и на крај пола топче моцарела. Толку.
Лиценца: Сите права се задржани