23
јан
2013
Ролат Се во едно
Многу едноставно и брзо се прави. Се пече заедно со филот.
Рерната приклучете ја на 180 степени.
Јајцата убаво изматете ги со шеќерот со миксер, па ставете го постепено брашното измешано со пецивото и рачно, пополека измешајте го во јајцата.
На плехот ставете хартија за печење и нарендајте ги јаболката над хартијата во рамномерен слој. Посипете ги со цимет и одозгора над нив ставете ја смесата со јајца. Печете отприлика 15 мин., а можете да проверите со чепкалка. Кога ќе се олади, посипете го со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Моето дебелко ролатче :)
Јуле,ти и Лилјана сте ми на тапет неделава
Инаку овој ролат го виткав од пократките страни,па затоа се погодија два ролата дебелки :) тука на сликата уште испаруваше дури го сликав,па не дочека во наредните денови некој поубав пресек да му направам.Ќе оставиме за некој нареден пат
А награде,еве сите вие сте ме наградиле со вакви прекрасни рецепти и вкусови