Ролат Се во едно
Состојки
- 5 јаболка
- 4 јајца
- 1 чаша шеќер (чаша од 200 мл)
- 1 чаша брашно
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- малку цимет
- 1/2 прашак за пециво
Подготовка
Многу едноставно и брзо се прави. Се пече заедно со филот.
Рерната приклучете ја на 180 степени.
Јајцата убаво изматете ги со шеќерот со миксер, па ставете го постепено брашното измешано со пецивото и рачно, пополека измешајте го во јајцата.
На плехот ставете хартија за печење и нарендајте ги јаболката над хартијата во рамномерен слој. Посипете ги со цимет и одозгора над нив ставете ја смесата со јајца. Печете отприлика 15 мин., а можете да проверите со чепкалка. Кога ќе се олади, посипете го со шеќер во прав.