Еве и од мене една роденденска торта по повод роденденот од мојот сопруг.
Подготовка
Тесто
 Се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе се добие густа бела смеса постепено на двапати се додава брашното кое е измешано со пецивото и какаото. Се додава врелата вода и пак се меша со шпатула и на крај се додаваат оревите. Се пече во загреана рерна на 180С-20мин. Се сечи на три ленти (но кога ќе олади). Првата лента поголема -17см,па средна-11 и најмала од 5см.

За филовање најпрво се става средната лента од 11 см, се премачкува со белиот фил, се става најмалата од 5см, се премачкува со темниот фил и одозгора се покрива и обликува со рацете со третата кора. Вие ќе си ги приспособите лентите од пандиспанот во зависност од плехот.

Фил
 Од 500 мл млеко се зема пола финџал за да се изматат жолчките, густинот и млекото заедно со миксер.Во млекото додека вари се додава шеќерот. Кога ќе зоврие се додаваат изматените жолчки и се вари кремот. Кога кремотќе олади се додава изматениот путер и оревите. Кремот се дели на два дела, едниот останува бел ,а во другиот се додава стопено чоколадо. Се филува како што погоре напишав.
Одозгора над тортата ставив изматен путер со шеќер во прав и малку млеко па потоа ја прекрив со фондан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани