Торта со вишни и ананас (без печење)
Прво го вариме филот.
Половина од млекото ставете го да зоврие. Во останатото млеко ставете густин, брашно, шеќер, ванила и јајца. Се промешајте и истурете во врелото млеко, мешајте додека не згусне. Оставете го филот да истине.
Урдата испасирајте ја. Маргаринот изматете го и додајте во него урда и варениот фил. Изматете со миксер. Белото чоколадо растопете го и додајте го во филот.
Филот поделете го на 2 дела. Во првиот дел ставете вишни, во другиот дел ставете ананас сечен на коцки.
Бисквитите натопете ги со млеко, ставете ги во калап за торта, прелијте ги со чоколаден прелив и врз нив ставете фил со ананс. Врз филот пак ставете бисквити натопени со млеко, прелијте со чоколаден прелив, и ставете другиот фил од вишни. На крај пак ставете бисквити натопени со млеко.
Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне.
Украсете ја тортата со шлаг и прелијте со чоколаден прелив.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани