Торта со вишни и кокос (без печење)
Состојки
- Подлога
- 300 гр мелени бисквити
- 100 мл млеко
- 100 гр маргарин
- 3 лажици шеќер во прав
- Фил
- 500 мл слатка павлака
- 300 гр кисела павлака
- 150 гр шеќер во прав
- 4 лажици бел еурокрем
- 400 гр смрзнати вишни
- 1 желатин
- 200 гр кокос
- Глазура
- 100 гр чоколадо
- 50 мл слатка павлака
Подготовка
Срекен роденден Делимано!!!
Да се множат годините.
Еве една брза, вкусна торта за вашиот роденден.
1. Се мелат бисквитите и во нов се додава млекото, шеќерот и растопениот маргарин. Се меша и се прави подлога за тортата бр26.
2. Се мати слатката павлака. Во неа се додава киселата павлака измешана со шеќерот. Во нив на крајот се додава желатинот. Се додава кокосот и вишните и сето тоа убаво се меша. Се истура врз подлогата од бискивити и се остава да се олади 2 саати.
3. Одозгора се става глазура и шлаг.
Наздравје!!!