Измешајте ги сувите состојки. Во друг сад со жица измешајте ги убаво течните состојки.
Сливите исечете ги на половина. Ако правите еден ред фил, оставете ги така, а ако правите 2 реда, тогаш исецкајте ги на коцкички.
Тавата премачкајте ја со масло и почнете со редење. Доколку ставате 2 реда фил, сувата смеса поделете ја на 3 дела, а доколку ставате само еден ред, тогаш поделете на 2. Се започнува со ред сува смеса, па ред фил од сливи врз кои ќе посипувате ванилин шеќер и на крај завршувате со ред сува смеса. Врз сето тоа ја полевате водената смеса и боцкате со вилушка за убаво да пробие во внатрешноста. Додека се загрее рерната на 200 степени, колачот нека одстои, а повремено пак боцкајте го. Печете додека не порумени одозгора и стане тврдо на допир.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови