Разиграни полжавчиња
Тестото го замесуваме со потребните состојки и го оставаме да одстои десетина минути. Го делиме на два еднакви дела и од нив расукуваме кора големина 47 на 28 цм. Ја премачкуваме кората со маргарин. Засукуваме ролат и ја сечеме на 20 парчиња не до крај како што се гледа на сликата. Едно парче оставаме како што е пресечено, второто го превртуваме накај внатрешноста на плекчето. Втората кора ја расукуваме со истите димензии на 30 еднакви парченца и ја премачкуваме со маргарин.
Печеме во плекче од рерна. Плекчето го премачкуваме со маргарин и посолуваме насекаде со сол. Ја ставаме околу првата кора само малку со рацете ја растегнуваме за да направиме обрач околу првата како на сликата. Го оставаме тестото да стаса околу 1 час и 30 минути, а може и повеќе да стаса уште поубаво. Кога е стасано тестото, премачкуваме со јајцето и посипуваме по малку сол. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Идејата за формата на овие полжавчиња ја добив од погачата на Маја и одовде и благодарам. Овие полжавчиња испаднаа многу вкусни и крцкави. Се надевам дека ќе ви се допадне и оваа моја импровизација. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Odlicna Svetle!!..ke si ja stavam vo omileni koga ke moze :))
E, mnogu privlecni se ovie polzavcina :)))