Убава освежителна тортичка која се спрема за помалку од еден час. Подготовката е многу едноставна

Во сад за матење скршете ги јајцата. Додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и матете со миксер додека шеќерот не се растопи. Додајте го јогуртот и маслото. Во друг сад на страна соединете го брашното и пецивото и нив додајте ги во изматените јајца. Промешајте со лажица и истурете ја смесата во калап на кој се вади страничниот дел. Печете 25 мин на 180 степени.

Во меѓувреме подгответе го овошниот крем. Во сад на оган ставете 300 мл вода и шеќер да зовријат. Во шербетот додајте ги исчистените јагоди и оставете и тие кратко да поварат. Во преостанатата вода размешајте ги пудинзите од јагода и полека додавајте ги во садот со јагодите на оган. Варете додека пудингот не ја добие потребната густина. Врз испечениот пандишпан нанесете го врелиот овошен крем. оставете го калапот во замрзнуваш кратко време додека кремот не се стегне.

За пудингот од ванила ставете на оган сад со 300 мл млеко да проврие. Додајте го и шеќерот. Во преостанатото млеко разматете ги пудинзите од ванила и додајте ги во зовриеното млеко. Варете додека не ја добиете потребната густина. Истурете го и овој пудинг прз овошниот крем во калапот. Оставете повторно да се излади.Отстранете го страничниот дел на калапот кога е убаво изладена тортата.
Изматете ја шлаг пената со млекото и украсете ја тортата по желба. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови