Белките изматете ги со шеќер цврсто, на крај ставете една лажица сок од лимон.
На хартија за печење нацртајте 4 кругови. На нив направете ги 4те кори.
Ставете да се пече на температура 120 степени на еден саат. По еден саат исклучете ја рерната и оставете уште еден саат во рерна.
За пудинг
Половина од млеко ставете да зоврие, во останато млеко ставете пудинг и шеќер измешајте, истурете во врело млеко мешајте додека не загусне. Оставете пудинг да истине.
Врз кора ставете пудинг наредете сечени јагоди, ставете следна кора. Така редете сите кори. Врз последната кора ставете шлаг со шприц. Украсете со јагоди и цреши.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани