11
сеп
2014
Павлова торта со крем од ванила
Белките цврсто се бијат со шеќерот (кристал) а потоа му се додава шеќерот во прав, мешајќи го рачно, со жица.
Рерната загрејте ја на 120 степени.
На плехот ставете хартија за печење и ставете 2/3 од смесата формирајќи круг. Од другата третина со шприц формирајте целуфки по крајот на тортата.
Ставете да се пече (суши) отприлика час и половина.
Нека се излади.
За филот, изматете го шлагот заедно со кремот и ставете го во средината на тортата. Одозгора украсете со сезонско овошје.
Лиценца: Сите права се задржани