Павлова торта со ванила фил и овошје
Брза, лесна, воздушна како облак, торта павлова за прв пат направена за руската балерина Ана Павлова по која го носи и името. Тортата е направена за Ана кога била на турнеја во Австралија и Нов зеланд и поради тоа и до денес има конфликт за тоа од кого е рецептот.
Еее доста историја сега рецептот.
Од белките се право тесто како за целувки- најпрво се матат белките со малку сол се додава постепено шеќерот и лимоновиот сок, кога белките се стегнати се додава и нишестето од тестото се формира дното од тортата така да краиштата да се повисоки од срединиот дел. Целувченото тесто се печи на 120 степени 90 минути.
Филот
Слатката павлака се мати се додава ванилата и откако основата е изладена целосно се додава филот, а најгоре се става овошјето.
Прекрасно крцкаво тесто и кадифен фил со многу овошје број 1 избор за летните денови.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови