
Пржени јаболка
Потребни ви се јаболка од сортата Боскоп, ги има кај нас под друго име. Киселкасти се, ароматични и не баш угледни, но токму тие имаат најубав вкус за готвење.
1. Изматете ги јајцата, додадете го шеќерот, брашното, млекото, ванилата
2. Излупете ги јаболката, исчистете ги во средина и исечете ги на кругови
3. Загрејте го зејтинот и секое парче натопено во јајцата, спуштајте го да се пржи
4. Температурата треба да биде доволна силна, но да не горат
5. Сервирајте ги посипени со цимет.ц
Десертот е едноставен, но преубав, уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови