Вкусни, меки и декоративни бисквити.
Омекнатиот путер исечете го на коцки, додете го јајцето и потоа сите останати состојки. Замесете мазно тесто. Ставете во ладилник најмалку еден час.
Сучете тенка кора врз набрашнета површина и вадете форми по избор.
Печете во загреана рерна на 180 степени 8 минути.
Колачињата декорирајте ги со ројал ајсинг или оставете без ништо,секако се вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови