Празнични бисквити со кокос

Состојки
- 300 гр остро брашно
 - 100 гр кокос
 - 150 гр шеќер
 - 120 гр путер
 - 2 мали јајца
 - 1/2 кесичка прашок за печиво
 - 2 кесички ванилин шеќер
 - 1 прстофат сол
 - Декорација/ајсинг
 
Подготовка
Вкусни, меки и декоративни бисквити.
Омекнатиот путер исечете го на коцки, додете го јајцето и потоа сите останати состојки. Замесете мазно тесто. Ставете во ладилник најмалку еден час.
Сучете тенка кора врз набрашнета површина и вадете форми по избор.
Печете  во загреана рерна на 180 степени 8 минути.
Колачињата декорирајте ги со ројал ајсинг или оставете без ништо,секако се вкусни.