14
мај
2014
Поховани тиквички од рерна
Тиквичките исечете ги на кругови.
Во чинија изматете 2 јајца. Додајте го брашното и мешајте со жица за да се разбијат грутките.
Додајте го копарот, малку сол и црн бибер.
Во округол калап ставете хартија за печење и нанесете го маслото.
Секој круг тиквичка потопете го во смесата од јајца и брашно и редете ги во калапот.
Одозгора посипете 1 разматено јајце и на крај нанесете го пармезанот.
Печете на 200 степени додека убаво зарумени.
Послужете со свежа салата и сирење.
Лиценца: Сите права се задржани
Фала ти за идејата за ручек и искористување на тиквичките, еве едно брзинско и скомно сликче од тукушто извадено од рерна :)
Врз нив, немав во моментот пармезан, па ги посипав со рендан кашкавал:) Еве и сликичка, штотуку извадени од рерна, која едвај успеав да ја направам:)
Инаку направени уште пред да старуваме со постиве, ама никако да стасам да ти се пофалам:)))
Fala ti uste ednas ..pozdrav:)
милсев дека треба смесата да остане на тиквичките, а таа цела се лизна надоле и се направи како пандишпан под тиквичите.
ми личеа на ЦДиња наредени во пластични полици :) :) :) :)
што оплескав? :)