Поховани тиквички од рерна
Состојки
- 2 тиквички
- 3 јајца
- 2 лажици брашно
- 1/2 лажичка копар
- 5 лажички пармезан
- 2 лажици маслиново масло
- по потреба сол, црн бибер
Подготовка
Тиквичките исечете ги на кругови.
Во чинија изматете 2 јајца. Додајте го брашното и мешајте со жица за да се разбијат грутките.
Додајте го копарот, малку сол и црн бибер.
Во округол калап ставете хартија за печење и нанесете го маслото.
Секој круг тиквичка потопете го во смесата од јајца и брашно и редете ги во калапот.
Одозгора посипете 1 разматено јајце и на крај нанесете го пармезанот.
Печете на 200 степени додека убаво зарумени.
Послужете со свежа салата и сирење.