За истражувачите на нови и интересни вкусови еве еден летен, предлог десерт од мене.
Потребна ни е лубеница без кора со оваа грамажа и без семки. Јас не успеав да најдам лубеница која нема семки, па од внимателно одбрано парче си ги извадив семките.
Парчињата ги сечете со форма по желба, ама гледате да не бидат подебели од 1,5 см. Белките ги матиме со густин, да се соединат двете состојки. Секое парче лубеница го валкаме во брашно, па во изматената белка и пржиме на загреано масло.
Ја чекаме малку да се подизлади, ја посипуваме со шеќер во прав, чоколадни трошки,може и јаткасто овошје и служиме со топки сладолед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани