Печурките убаво треба да се измијат и се варат 10 минути во посолена вода. Откако ќе се сварат добро се исцедат и се сечкаат на ситни коцкички и се пропржуваат на малку зејтин, се додава малку црн бибер. Кога водата ќе испари, печурките се готови.
Во друга тава на оган се пропржува ситно насечканиот кромид, па се додава меленото месо, се посолува со вегета и сол по вкус и откако ќе се испржи се трга настрана да се олади.

Во посолена и зовриена вода се става спанаќот предходно убаво измиен, се вари една минута и се трга од оган, се цеди од водата и се остава да се олади.
Вака приготвените шампињони, мелено месо и спанаќ се мешаат заедно се додават 2 јајца. Со тоа филот е готов.

Листовите обланда се ставаат помеѓу влажни крпи, толку колку да омекнат, не премногу. Потоа се зема едниот лист обланда се премачува со четвртина од филот, се распоредува рамномерно насекаде, па се става врз филот и друг лист обланда, убаво се притиска да се залепи листот за филот, па се истура и другата четвртина од филот, кој исто така се распоредува рамномерно. И потоа се витка ролат. Истата постапка се повторува и со другите 2 листа обланда. со тоа излегуваат 2 ролати.
Ролатите се ставаат во замрзнувач околу 4 часа, убаво да се стегнат.
Потоа кога ролатите ќе се стегнат, се сечат со дебеленина околу 1,5-2 см. Се валкаат во преходно изматени 3 јајца, па во мешавина од презла и сусам. Се пржат во врел зејтин. Откако ќе се испржат се вадат на хартиени салфети за да го впијат вишокот на мрснотија.

Се служи како предјадење било топло или ладно или пак за вечера со некоја салата (како јас на пример со мајонез салата) сеедно превкусни се. Погодни се и за празнична или роденденска трпеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови