20
дек
2014
Посни панцероти во тава
Од состојките за тесто замесете средно меко нелепливо тесто и оставете го да стаса.
Стасантото тесто поделете го на 2 дела.
Од секој дел расукајте мала кора.
На едната половина ставете половина од претходно спржените печурки, сецкани шери домати и оригано.
Преклопете( јас користев калап за панцероти) и убаво затворете ги краевите.
Во тава на оган ставете малку масло да се загрее.
Додајте ги панцеротите и пржете ги на тивок оган од двете страни.
Дозава е мала, ја правев само за мене и излегуваат 2 панцероти.
Ако некој посака да ги прави нека си ја зголеми дозата.
Лиценца: Сите права се задржани