Посни панцероти (без масло)
Фини и многу меки панцероти и наредниот ден. Најпрво ги зафаќаме двата квасци,ги оставаме да надојдат и потоа ги додаваме брашното и солта. Водата ја додаваме постепено се додека не добиеме тесто кое ќе биди многу меко(направете го тестото меко толку колку што можите да го работите). Оставете го пак да надојди и потоа поделете го на два дела. Секој дел со сукало се сучи и со чаша вадиме форми и секоја форма ја филоваме и ја затвораме и убаво притискаме и со вилушка за да не ни истечи филот при печеето. Печиме на 190 степени околу 20 минути и пред 5 минути да се готови со четче ги премачкуваме со мешавината од брашно, вода и сол. Ги враќаме уште еднаш во рерната околу 5 минути. Кога ќе ги извадиме ги покриваме со кујнска крпа и оставаме да се изладат.Тавчето во кое ќе се печат панцеротите го наросуваме со брашно. Да додадам дека откако ги намачкав панцеротите со смесата од вода и брасно ги наросив и со сончоглед,а ако не сакате не мора.На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови