
Посни варени ѓевречиња
Го замесуваме брашното, 1/2 лажиче сол и 1/2 лажиче шеќер со квасецот и водата и го оставаме тестото да скисне.
Откако ќе биде готово правиме ѓевречиња и на оган ставаме во тенџере 500 мл вода со две лажици мед да зоврие. Во зовриената вода ги вариме ѓевречињата, потоа ги ставаме во плех, ги наросуваме со сусам и ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30-минути.
Многу вкусни, брзи и лесни тамам за постиве , ххе
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава со рачки Ростер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
навивам да ти се падне тавче за палачинки :) :) :) :)