16
авг
2015
Карамелизирани варени ѓевречиња
Од брашното квасецот шеќерот сол и зејтинот со млака вода се замесува тесто. Тестото одмара триесет минути и од тестото вадиме дванаесет топчиња.
Земаме едно топче во средината правиме отвор и го растегнуваме вртејки во круг со рацете.
Во посебен сад ставаме шеќер, го пржиме на тивко да се карамелизира и ја додаваме водата. Откако ќе зоврие ги ставаме ѓервеците се варат една до две мин и со решетка лажица ги вадиме и ги валкаме со сусам и ги ставам во плех подмачкан и обложен со хартија се печат на 220 20мин.
За варење 5 големи лажици шеќер се карамелизираат се додава 1 л вода. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови