Варени ѓевречиња - семеен рецепт (посно)
Предолго време рецептов ми стои во тефтерче запишан и не направен. Требаше да ми пише братучедка ми да ми каже дека братучед ми ги направил (и не, уште не е женет, чудно) и дека и таа ги правела, па да се освестам и јас =))
Лесни се за правење, иако личи како многу работа, не е. За еден час се комплетно готови бидејки не се чека тестото да стаса.
Во сад за мешање ставете ги сувите сосотојки. Додадете го растворениот квасец, водата, маслото и убаво измешајте и замесете меко тесто. Не го чекајте да стаса. Веднаш правете ги ѓевречињата.
Кинете од тестото мали парчиња, малку помали од пинг понг топче. Со раце сукајте го да добиете тенко стапче. Стапчето спојте го на краевите да добиете ѓеврече. Доколку ве мрзи да правите баш форма на ѓевречиња, оставете ги стапчињата со големина по желба. Нема да утнете, подеднакво се вкусни и постапката за приготвување е потполно иста.
Во подлабок сад ставете вода да врие. Додадете го медот и ставајте ги да се варат стапичњата/ ѓевречињата. Прво ќе пропаднат на дното, но кога убаво ќе се сварат ќе испливаат на површина. (дополнителна фотографија)
Проверете да не случајно се подзалепило за дното, иако мене тоа ми се случи еднаш или два пати.
Кога ќе испливаат на површина, извадете ги со лажица решетка, убаво нека се исцедат и веднаш ставете ги во длабок сад полн со потпечен сусам. Убаво извалкајте ги во сусамот и префрлете ги во тавче за печење.
Печете ги на 200 степени додека убаво не заруменат.
Лиценца: Сите права се задржани
три дена секој ден ги спремавме и се убивме од товење, па снема сусам, инаку ќе продолжевме :) :) :) :)
маја и ние стапчиња си правевме. заштедува време, а вкусто е ист :) ѓевречињава беа само првиот ден и колку за сликање де :) :) :) :)