Традиционален рецепт за Велигден и Божиќ во Куманово. Го правеле во моето семејство со години токму по овој рецепт, особено баба ми Васка, на дедо сестра. Традиција подолга од 100 години.
Омилени ми се рецептите со приказна и подарени од генерација на генерација

Жолчките се матат со шеќерот додека убаво не се растопи шеќерот.
Белките се матат посебно додека не се добие убава пена.
Се соединуваат двете смеси, се додаваат сувите состојки и се меша со шпатула убаво да се изедначи смесата. Мешајте од доле кон горе, полека и внимателно.
Печете на 180 степени 20ина минути, зависи од рерната. Тестото треба да добие карамел боја и да нарасне речиси двојно. Оставете го тестото да се олади убаво, а потоа сечете парчиња со големина по желба и форма.
Не бидете брзоплети како мене. Јас никогаш не дочекувам нешто убаво да се олади за да го пресечам и затоа се слепува тестото. Топлото тесто е и повлажно и се лепи (сплескува) при сечење.

За шербетот ставете го шеќерот во садот во кој што ќе се вари. Најлете вода колку да го покрие и оставете го да проврие неколку минути.
Доколку сакате можете да додадете ванилин шеќер и сок од лимон, но од кога ќе се подолади.

Ледното тесто прелејте го со млак (топол, но не врел) шербет и оставете го да впие, најдобро преку ноќ.

Пријатно јадење!
Уживајте во мојата семејна традиција :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани