Оваа баклава е мојата омилена.

Најпрво се мелат оревите и бадемите. Јас ги мелам во сецко за да не бидат многу ситно. Исто се мелат и бисквитите.
Чоколадото се ренда.
Во еден сад се мешаат оревите, бадемите, бисквитите, чоколадото, циметот и меленото каранфилче.
Во друг сад се мешаат киселата вода, зејтинот и пецивото и тоа ни служи за премачкување на секоја кора, додека врз секоја трета кора ставаме од сувиот фил.
Наредената баклава ја сечеме на коцки и ја печеме во претходно загреана рерна на 200 степена 30-40 минути, додека не добие златна боја.

Додека се пече баклавата го спремаме шербетот. Шеќерот и водата ги ставаме да се варат и го оставаме да врие 10тина минути, на крај ги додаваме ванилите и сок од пола лимон.

Кога баклавата ќе олади ја прелеваме со млак шербет. Оставаме да го впие шербетот, најдобро еден ден и потоа уживаме.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови